Home » Во фокусот » Во Македонија започна со работа “SIA” – првата агенција за social media intelligence

Во Македонија започна со работа “SIA” – првата агенција за social media intelligence

Social Media Intelligence е нова алатка во интернет работењето која зема сериозен замав во светот. Оваа истражувачка алатка ја користат влади, организации, компании и индивидуи кои сакаат да приберат информации клучни за нивното функционирање и развој. Во моментов, SIA (Social Intelligence Agency) е првата и единствена агенција во Македонија која ја нуди оваа услуга.

SIA_1

Social Media Intelligence е нова сфера во интернет работењето и претставува корисна алатка за многу субјекти како резултат на растот на користењето на интернетот во секојдневниот живот на луѓето.

Преку Social Media Intelligence, компаниите можат да дознаат колку брендот, производот, услугата или самата компанија се споменувани на социјалните мрежи, форумите и web порталите, но и во каков контекст.

Ова прибирање на податоци овозможува мултидимензионален поглед на брендот, неговите особини, промоции, купувачи, корисници, како и конкуренцијата и влијателните личности.

Social Media Intelligence како алатка, всушност допринесува за креирање длабоки анализи на трендовите и мониторирање на однесувањето на пазарот.

Преку Social Media Intelligence, компаниите можат да добијат информација за тоа како нивните производи или услуги се прифатени кај потрошувачите, како потрошувачите реагираат на промените, колку маркетингот влијаел на нивните одлуки, како и да се измери задоволството од користењето.

За да се дојде до овие податоци потребно е филтрирање и класификација на огромен број податоци во текот на денот кои се наоѓаат на социјалните медиуми, чие пространство опфаќа многу повеќе од Facebook и Twitter. Напредните решенија опфаќаат комплексно моделирање на клучните зборови, со цел да се идентификуваат разговорите на социјалните мрежи кои се во интерес на клиентот.

Social Media Intelligence е идеален за брендови кои бараат длабоко разбирање на пазарот, купувачите, корисниците и конкуренцијата. Исто така, идеално е и за организации/компании кои имаат потреба да детектираат и следат социјални закани како бојкоти, протести, тужби, изнудувања итн.

Во Македонија, SIA е првата и единствена агенција специјализирана за Social Media Intelligence. SIA e составена од тим од професионалци од областа на информатичките технологии, односи со јавноста, новинарство, маркетинг и анализа.

Целосната понуда на SIA (Social Intelligence Agency), можете да ја погледнете на следниот линк.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365