Vanish (во буквален превод „Исчезнува“) е глобален бренд за детергенти, специјализиран во отстранувањето на дамки од бели алишта, правејќи ги тие да изгледаат уште побело. Толку бело, што буквално исчезнуваат на бела позадина.
Креативната агенција BETC од Сао Паоло се одлучи да ја претвори оваа идеја во принт кампања. Тие избраа неколку професии познати по носењето на бели алишта, како што се лекар, готвач и каратист, покажувајќи дека нивните алишта, испрани со Vanish, ги „снемува“ во белината на позадината.
Кампањата е пропратена и со едноставен, но ефективен слоган кој го инкорпорира и името на брендот – „So White It Vanishes“ („Толку бело што исчезнува“).