Home » Во фокусот » Во новата кампања, Волво го повика нордискиот бог Тор со вистинска молња да запали билборд

Во новата кампања, Волво го повика нордискиот бог Тор со вистинска молња да запали билборд

Тимот ги користел метеоролошките податоци за да предвидат кога бурата би можела да започне  

Во својата најнова кампања во Тајланд, Волво за нивниот хибриден модел направи референца на нордискиот бог Тор, користејќи билборд кој се пали на вистински молњи.

Volvo Car Тајланд и агенцијата GreynJ United направија кампања во која покажаа како електричните автомобили можат да генерираат сила без да создаваат некакви емисии, а надворешниот елемент на кампањата е искористен  како централна тема за понатамошните напори на социјалните медиуми и другите дигитални канали, под назив #PurePower.

За да ја направи рекламата, Волво ја ангажираше компанијата Macco Group која инсталираше громобрани на билбордот, кој на тој начин ќе ги привлекува молњите во текот на сезоната на бури во Тајланд. Кога громот би удрил, светлата на билбордот би се запалиле, а истовремено голем број на камери биле поставени да го снимаат целиот спектакл.

Тимот ги користел метеоролошките податоци за да предвидат кога бурата би започнала, а откако е снимена содржината, видеозаписите се прикажани на Фејсбук страницата на Volvo.

Громот удрил во билбордот во крајот на септември, а од тогаш кампањата стана многу популарна на социјалните мрежи и локалните вести. Според агенцијата GreynJ United, кампањата веќе генерирала десет пати повеќе пробни возења, и придонела за три пати поголема продажба од било која друга кампања на Волво спроведена во Тајланд претходно.

Автор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365