Новото видео наречено “Final Breath“, од агенцијата Venables Bell & Partners, во еден момент преминува од потресно во возбудливо
Во новата реклама од агенцијата Venables Bell & Partners, со наслов ” Final Breath”, автомобилската компанија Ауди ни ја носи приказната за животот на еден авантурист, на кој целиот живот му се врти пред неговите очи додека лежи на својата смртна постела. И токму кога го зема последниот здив, нешто неочекувано ќе го натера неговото срце повторно да чука.
“Го поминав животот во движење, неуморливо одејќи напред“, започнува монологот, а потоа се прикажуваат сцени како танцува, како помага во рушењето на Берлинскиот ѕид и генерално, како го живее животот со полна снага. Во моментот кога срцевиот монитор покажува права линија, новиот Audi RS 5 Coupe со својот звук пред куќата, ќе му деде нова причина за живот.