Бебињата за прв пат добија глас во новата кампања од агенцијата BETC со која брендот ја означи својата мисија да стане целосно циркуларен бренд до 2025 година
Евијан ја претстави својата најнова кампања “Baby Bare Necessities” – весела химна во која легендарните бебиња се враќаат за да го истакнат новиот етос на брендот: „Living young“.
Во светот со голема брзина на континуирано движење и известување, кампањата нè повикува да го слушнеме она мало гласче во нас што не` потсетува дека да се живее младешки значи да се донесуваат свесни животни избори, фокусирајќи се на работи кои се навистина важни.
Во центарот на глобалната кампања е рекламата креирана од агенцијата BETC, и носи метафори на позитивни животни избори. Во неа, децата играат, се возат и пејат заедно со хип-хоп изведбата на една од големите оди за безгрижен живот: The Bare Necessities од Книга за џунглата.
Со новата кампања доаѓа и промена на тонот, стилот и комуникацијата на Евијан, бидејќи овој пат самите бебиња испраќаат порака и имаат свој глас. “Повеќе од една деценија ги користевме бебињата како метафора на младоста, а денес сакаме да им дадеме глас на бебињата”, изјави глобалниот потпретседател на брендот Патриша Олива. “Бидејќи да се живее младешки денес значи да се живее со чувствување на целта, да се подигне гласот и да се стреми кон живот кој е совесен и оптимистичен”.
Ова е прв пат Евијан да јаповрзе својата дека “Live young” кампања со својата мисија да стене целосно циркуларен бренд до 2025 година, во рамките на која сите нивни шишиња ќе бидат произведени од 100% рециклирана пластика (rPET).