Home » Во фокусот » Во оваа земја наместо пластични кеси се користат листови од банана

Во оваа земја наместо пластични кеси се користат листови од банана

Photo: Lotte Mart Vietnam

Неколку супермаркети во Виетнам се приклучија на кампањата за избегнување користење производи од пластика, па така во обид да придонесат за заштита на животната средина, одлучиле зеленчукот наместо во пластични кеси да го пакуваат во листови од банана.

Трите најголеми виетнамски трговски центри, Лоте март, Сајгон Ко-оп и Биг Ц, од неодамна наместо во пластични кеси за зеленчук користат листови од банана.

Купувачите во Лоте Март во Хо Ши Мин биле изненадени кога младиот кромид, бамјата и друг зеленчук од неодамна започнале да го добиваат завиткан во лисја од банана, а компанијата по пробниот период планира да се прошири нивната употреба во сите трговски центри во земјата. По зеленчукот и свежото месо ќе се пакува во лисја од банани.

Лоте Март нуди и амбалажа за храна направена од шеќерна трска, а Биг Ц од Ханој на клиентите им нуди целосно биоразградливи кеси направен од пченка во прав.

Според официјалните податоци, Виетнам генерира околу 2.500 тони пластичен отпад дневно и се наоѓа на четвртото место во светот според количината на пластичен отпад што се фрла во океанот, според Програмата на Обединетите нации за животна средина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365