Некои ресторани и кафулиња веќе вработуваат роботи кои служат гости, а храната и пијалоците може да се нарачаат преку QR кодови, специјални апликации и киосци за дигитално нарачување.
Заедничко за сите овие решенија е дека технологијата ги замени луѓето. Се разбира, на многумина не им се допаѓа тоа и сакаат да бидат опслужувани од келнери од крв и месо со кои можат да разговараат и да се пошегуваат, но поради недостаток на работна сила или желба за иновации, се чини дека во иднина се повеќе ќе наидуваме на технолошки иновации во кафулињата и рестораните.
Едно такво технолошко решение беше претставено во Париз во пицеријата Pazzi, лоцирана во центарот на градот. Тоа е пицерија во која нема пица мајстори, а во која за подготовка на пиците се задолжени – роботи.
Процесот на нарачување и подготовка е едноставен и брз. По (дигиталната) нарачка, роботите веднаш почнуваат со работа, а бидејќи се зад стакло, купувачите можат да го следат целиот процес. За само пет минути, го размесуваат тестото, ставаат кечап и други состојки. После тоа пицата оди во рерна, а кога ќе биде готова, роботите ја ставаат во кутијата за пица и му ја даваат на купувачот. Целиот процес трае само неколку минути, а за еден час роботите можат да испечат дури 80 пици. Цената на една пица е помеѓу 7 и 13,60 евра.
Ресторанот нема да има само роботи, туку и луѓе, но тие нема да имаат никаква врска со процесот на подготовка на пица, туку ќе бидат надлежни за масите во ресторанот, за да им помогнат на купувачите во процесот на нарачка доколку е потребно и слично.