„Новогодишна џез бајка – будење на заспаната убавица“. На овој концерт Фрагмент изведуваше традиционални новогодишни и божиќни мелодии како и новокомпонирани поп мелодии во џез аранжман. Покровителот на концертот „Божиновски часовници и накит“ потенцираше дека ќе се погрижи истиот да стане традиционален и да биде силен мотив за повторно враќање на културниот живот во Битола. Погледнете ги фотографиите и ѕирнете во синоќешната магија која ја обзеде Битола.