По повод на првиот регионален форум за комуникациски лидери IZAZOV 2015, наменет за професионалците од областа на маркетингот, односите со јавноста и дигиталните комуникации од компаниите и агенциите, организиран е собир на учесниците со медиумите заради информирање околу темите, целите и учесниците на претстојниот Форум. Идејата на Форумот е да преку интерактивни содржини и размена на искуства допринесе во развојот на маркетинг и ПР индустријата, но и да поттикне регионална соработка помеѓу агенциите и компаниите.
“Сите успешни компании водат сметка за комуникацијата, посебно докажувајќи ја стратешката важност на таа функција и директната врска помеѓу квалитетните комуникации и добрата работа. Без напредна комуникација нема развиен пазар, а за пазарот да напредува, неопходни се прилики за дијалог и едукација, каков што прочем е и овој форум“, кажа Тамара Бекчиќ, директор и ко-основач на агенцијата Chapter 4 и претседател на Српското друштво за односи со јавност. Бекчиќ на Форумот ќе го модерира панелот под назив “Буџети-повеќе играчи, помал колач“.
“Главниот тренд кој ќе ја одбележи адвертајзинг индустријата во оваа година, и кај нас и во светот ќе биде трансформацијата. Агенциите и клиентите ќе мораат да се трансформираат и да се прилагодат на предизвиците кои ги носи дигитално-технолошката револуција. За приближувањето кон современите купувачи се бараат нови стратегии и тактики, поинаку органзиирани тимови, релевантни пораки, нови алатки и канали и потполно нова временска рамка која никогаш досега не била толку кратка“, рече Иван Живковиќ, директор на агенцијата Pioniri Communications.
Темите на првиот регионален форум за комуникациски лидери ќе бидат насочени и кон трендовите во интегрираните комуникации, за што ќе зборуваат повеќе претставници на регионални агенции и компании. За состојбата на пазарот на маркетинг комуникации за земјите од регионот ќе зборуваат претставници на агенции од Србија, Македонија, Хрватска, Словенија, БиХ и Црна Гора.
Една од темите ќе бидат и тендерите, односно питчевите за ангажирање на агенции, како и буџетите и очекувањата од клиентите од агенциите за вложените пари. Посебен сегмент од конференцијата ќе биде посветен и на поттикнувањето на дијалогот помеѓу агенциите и компаниите, за време на кој претставниците на компаниите ќе одговараат на прашањата од агенциите.
На форумот кој се одржува во новотворениот хотел Radisson Blu Old Mill, ќе биде претставено и најновот истражување на состојбата на професијата во регионот кое беше спроведено од Маркетинг мрежа и истражувачката агенција MASMI.