Собиравме сликички, бевме вредни, го пиевме Битолското млеко со 10 витамини, останува уште да видиме кои ќе бидат среќните добитници од наградната игра и ќе го добијат патувањето во Зоолошката во Берлин како и многу други вредни награди.
Сабота е убав ден за прошетка, сабота е семеен ден, посветен за другарување, ден за смеа и забава. Наредната сабота, на 14 мај, во Детскиот парк во Битола со почеток во 12 часот, Битолското чупе ќе ги извлече добитниците од големата наградна игра ‘‘Авантурите на Битолското чупе‘‘ кои сите долго ги очекуваме.
После големата авантура, Битолскот чупе конечно е назад во Битола и заедно со Бимилк ќе обезбеди добра забава, многу изненадувања и интересна програма.