Хрватскиот производител на кондиторски производи Kraš минатиот месец го претстави новиот визуелен идентитет на брендот бонбони Ки-Ки, создаден во соработка со креативната агенција Bruketa&Žinić&Grey. Покрај модернизацијата на амбалажата за трите подвидови бонбони, претставени беа и новите маскоти на брендот во форма на „чудовишта“ инспирирани од гримасите што ги прават децата при дегустацијата на овие слатки.
Сега, пак, дојде време тие маскоти да „оживеат“ на телевизиските екрани и да ги красат билбордите по градските улици. Во соработка со креативната агенцијата SHIFT од Словенија, брендот ја лансираше кампањата “U sebi se smiješ kad Ki-Ki bonbonu dobiješ” („Во себе се смееш кога Ки-Ки бонбона ќе добиеш“) на сите поголеми пазари во соседството и на тој начин се погрижи целиот регион да се смее… одвнатре. :)
Новата комуникациска платформа на брендот е примарно насочена кон децата од возрасната група tweens (од 8 до 12 години), кои што во илустрираните и анимирани промотивни материјали ги гледаме во друштво на новите Ки-Ки чудовишта на различни локации каде вообичеано ги поминуваат своите летни денови. Рекламните спотови се создадени во соработка со продукциската куќа Art Rebel 9.
Како дел од кампањата исто така се лансирани и забавни ТикТок филтри, создадени од студиото Erpium.