Иако веќе има голем ланец ресторани низ целиот свет, Старбакс планира да отвори уште 22.000 во следните десет години
Компанијата објави дека сега имаат 33 000 ресторани, а нивната цел е да имаат 55 000 до 2030 година. Тие исто така планираат да изградат и нови видови ресторани, вклучително и оние за нарачка и купување од автомобили.
На тој начин ќе им бидат конкуренција на рестораните кои веќе имаат вакви објекти.
„Иако растеме од голема база, имаме доволно простор да ја прошириме мрежата на ресторани каде нашиот бренд не е достапен“, рече Розалинд Бруер, главен оперативен директор на Старбакс.
Таа посочи дека со отворање на нови ресторани ќе се намали притисокот врз постоечките. Оваа компанија, како и многу други, се обидува да ги надомести загубите што ги претрпе за време на пандемијата на корона вирусот, поради забележаниот пад на продажбата во повеќето ресторани ширум светот, пренесува CNN.