Marketing mreža, Shoppster и здружението Prostor во заедничка мисија
По повод 9. фестивал на интегрирани комуникации KAKTUS by Shoppster Serbia, кој ќе се одржи на 1 и 2 ноември во Белград под слоганот „Add to heart“, порталот Marketing mreža, компанијата Shoppster Serbia и здружението Prostor најавија заеднички соработка, чија цел е придонес кон подобрување на грижата за менталното здравје во Србија, подигнување на свеста за важноста на оваа тема, но и зајакнување и поддршка на луѓето со проблеми со менталното здравје.
По тој повод, корисниците на здружението Prostor, во рамките на ликовна работилница, цртаа кактуси кои годинава станаа главни комуникациски елементи на фестивалот KAKTUS. Цртежите на корисниците на здружението ќе се најдат и на маици и торбици, кои сите граѓани на Србија ќе можат да ги купат преку е-продавницата на Shoppster до 10 ноември и на тој начин директно да донираат пари за помош на здружението Prostor.
„Знаеме колку е важна соработката, но не сакавме таа да се сведе само на слоган или интересни, шарени визуелни креативи. Сакавме да покажеме како изгледа соработката во пракса. А, тоа е токму националната општествено одговорна кампања „Add to heart“, осмислена од креативниот тим на агенцијата Ovation, која годинава го издигнува фестивалот KAKTUS на повисоко ниво. Многу сме благодарни на компанијата Shoppster и на здружението Prostor што ја препознаа важноста и ја поддржаа оваа иницијатива, бидејќи веруваме дека само преку силна соработка можеме да ги придвижиме работите во општеството. Во оваа прилика ги покануваме сите граѓани да се приклучат на нашата мисија и заедно да ја создадеме промената што сакаме да ја видиме“ – посочува Ивана Парчетиќ Митиќ, основач и извршен директор на Marketing mreža и организатор на фестивалот KAKTUS.
„Во денешниот свет, општествената одговорност не е само избор, туку наша суштинска мисија. Деловниот пристап кон ESG стана глобален стандард и ние сме горди што оваа филозофија ја носиме во српски контекст како составен дел од нашата стратегија, потврдувајќи ја нашата улога како лидер во оваа област. Нашата посветеност на заедницата и соработката со Marketing mreža и здружението Prostor се чекори кои ги сметаме за природни. Нашата иницијатива не е само израз на поддршка, туку и повик за акција и подлабоко размислување за целото општество. Сакаме да ги мотивираме сите да се придружат на оваа благородна кауза за заедно да создадеме позитивни промени. Сметаме дека помагањето на другите треба да биде фундаментална вредност во секојдневниот бизнис и живот и работиме на тоа да стане реалност“ – изјави Филип Ѓоровиќ, регионален маркетинг директор на Shoppster.
„Лицата со ментални здравствени проблеми се меѓу социјално најранливите групи во Србија. Тоа се претежно невработени лица кои немаат никаков извор на приходи. Дополнително, тука е проблемот и со нивното вработување поради стигматизирање и отфрлање од нивната непосредна околина и општеството во целина. Мислам дека ваквите иницијативи се многу важни, бидејќи со вклучување на корисниците на психијатриските услуги во активностите и заедницата придонесуваат за нивно закрепнување. Со прикажување на нивните уметнички дела, нашите корисници можат да се претстават пред јавноста како продуктивни личности, што е клучно во процесот на намалување на предрасудите поврзани со оваа маргинализирана група. Економското зајакнување на нашите корисници е начин за нив преку сопствената работа барем делумно да ги решат различните проблеми со кои се соочуваат секојдневно – од економски до социјални, и тоа во нивната заедница“ – објаснува Марија Куќан, потпретседателка на здружението Prostor.
Маиците и тробиците со цртежи на корисници на здружението Prostor можат да купат до 10 ноември преку следниот линк, а сите пари собрани од продажбата ќе бидат директно донирани на здружението по завршувањето на кампањата.