Во вторник, на 16-ти декември во Концепт 37 со почеток во 18:00 часот, ќе се одржи второто, зимско IAB Networking Café организирано од ИАБ Македонија.
Целта на овој настан кој се одржува еднаш квартално е на домашниот дигитален пазар да се пренесат светските трендови од дигиталната индустрија и иновациите на развиените пазари, напредните дисплеј и видео формати за ефикасно брендирање и активација на публиката, како и преку примери да се покаже колкава е моќта на дигиталните медиуми и алатките кои овозможуваат раст на бизнисите.
Овој пат, освен квалитетниот нетворкинг и размена на искуствата, на настанот како говорници ќе ги видиме и Дарко Булдиоски од New Media на тема: „Некои тоа го сакаат вирално” и Јован Димитров од Blogirame.mk на тема #ТвитерНагради.
Освен членовите на ИАБ Македонија, на настанот се поканети и сите компании кои сакаат со нив да разменат искуства и корисни информации поврзани со дигиталното огласување. Влезот е бесплатен, но поради ограничениот капацитет, потребно е вашето место да го резервирате на contact@iab.mk