Countdown, водечкиот трговски ланец во Нов Зеланд, воведува “тивок час“ за купувачите на кои им смета музика, јако светло и друга бучава, објави компанијата во вторникот.
Помеѓу 14.30 и 15.30, секоја среда , сите 184 продажни места ќе ја исклучуваат музиката, ќе ги исклучуваат известувањата преку звучници, ќе го намалат осветлувањето и нема да полнат полици.
Акцијата беше предложена од Здружението за поддршка на лица со аутизам и веќе е тестирана во некои продавници во текот на целата година.
Извршниот директор на Здружението изјави дека невидливата природа на аутизмот го отежнува разјаснувањето на тешкотиите со кои се соочуваат овие луѓе во нивниот секојдневен живот.
Кири Ханифин, директор на компанијата „Countdown“, изјави: „Се чини дека и нашите повозрасни купувачи уживаат во тивкиот час, како и многу други жители на Нов Зеланд, за кои шопингот е малку стресен и сега може да ги посетат продавниците во потивка атмосфера“.