На насловната страница на британското и американското издание на магазинот Vogue за септемврискиот број ќе стои модерна верзија на една позната фотографија од пред повеќе од 30 години.
Се работи за прочуената фотографија на Питер Линдберг за јануарскиот број на магазинот од 1990 година, која ги прикажува супермоделите Наоми Кембел, Кристи Тарлингтон, Татјана Патиц, Линда Евангелиста и Синди Крафорд.
Три децении подоцна, четири од петте супермодели повторно позираа заеднички за новиот септемвриски број на Vogue, чија водечка тема е „Најголемите на сите времиња“ (“The Greatest of All Time”). На насловната ќе недостасува само германската супермоделка Татјана Патиц, која почина на почетокот од годинава.
Идејата за рекреација на насловната страница била предложена од главниот уредник на британскиот Vogue, Едвард Енихил, а прифатена од главната уредничка на американското издание, Ана Винтер, за заедничка имплементација на двата пазари. Фотографијата за новото септемвриско издание на магизнот е направена од бразислкиот фотограф Рафаел Павароти.
Четирите супермодели ќе се појават и во претстојната документарна серија од четири дела на Apple TV+, “The Super Models”, која ќе раскажува за почетоците на нивните кариери во доцните осумдесетти и раните деведесетти години на минатиот век. Серијалот ќе биде лансиран на 20 септември.