Семејствата во рекламите се секогаш среќни, или во најлош сличај, хумористично дисфункционални. Оваа подолга реклама за Volkswagen го разбива ова правило, а со самото тоа и табуата
Постои некое непишано правило дека брендовите во своите реклами, секогаш ги прикажуваат семејствата во позитивен тон. Семејството е средина на љубов и сигурност, или во најлош случај, семејствата се хумористично дисфункционални кога се рекламите во прашање. Ретко ќе видете брендирана содржина која отскокнува од овие норми и ја прикажува онаа потешката страна на семејните односи.
Сега Volkswagen во Данска направи 6 минутен филм што го прави токму тоа, покажувајќи го комплицираниот однос помеѓу таткото и синот, кои тргнале на заедничко патување во старата Буба на таткото. Од самиот почеток е очигледно дека патувањето нема да биде лесно, бидејќи таткото и синот го преиспитуваат и анализираат својот однос. Во завршницата, рекламта ни донесува потресна кулминација, која го остава гледачот подеднакво меланхоличен и трогнат .
Рекламата ја направи The Very Agency, која соработувала со режисерот Sune Svanborg Sørensen, креативниот директор Thomas Pries и продукциската компанија Shoot Happens. Сценариото на видеото сигурно не е револуционерно, всушност е прилично вообичаено, но за некој филм. Но, крајно е невообичаено и храбро за комерцијален оглас на еден бренд, а приказната е многу вешто раскажана.