Определени медиуми, вклучително и USA Today информираат дека Volkswagen во Америка ќе биде комерцијализиран под називот Voltswagen
Сè уште нема официјална потврда дека буквата „к“ ќе биде заменета со буквата „т“, а тоа дополнително ќе го приближи брендот до електричната енергија, но и ќе го оддалечи од аферата „Дизелгејт“. Веста вчера наводно се појави накратко на американската прес-страница, а потоа беше симната. Портпаролот на Фолксваген, Брендан Бредли не ги коментираше наводите.
Новинар на USA Today цитираше дел од официјалното соопштение во кое се вели дека Voltswagen е повеќе од промена на името. „Тоа е јавна декларација со која компанијата најавува идни инвестиции во електронска мобилност“, стои во соопштението.
Според таа најава, автомобилите на електричен погон ќе го добијат натписот Voltswagen, додека останатите ќе го задржат класичното VW лого.
Веста доаѓа во време кога Фолксваген започнува со комерцијализација на електричниот кросовер ID.4, првиот што може сериозно да ги промени односите на моќта на пазарот на електрични возила во Америка.
За потсетување, Фолксваген најави 70 електрични модели до 2029 година.