Фолксваген планира да ги изненади своите фанови на Саемот за автомобили во Франкфурт и да претстави ново лого.
Целата промена на идентитетот е наречена Новиот Фолксваген, а самото лого беше развиено за да може брендот да изгледа „значително помлад, подигитален и помодерен“.
Компанијата работи на новото лого во последните 3 години, а своите корени ги влече од промените што ги направи „Фолксваген“ по големиот скандал со лажирање на податоците за издувни гасови од дизел автомобилите од 2015 година.
Првиот модел што ќе го има новиот амблем е осмата генерација на Голф и ќе биде претставен кон крајот оваа година.
Сегашното лого компанијата се користи од 2010 година, а новото лого ќе ги задржи буквите V и W во кругот, но дизајнот ќе биде поедноставен и дводимензионален, додека буквите “W“ и “V“ нема да бидат поврзани.
Логото ќе биде сјајно бело на црна основа, а за пазарите надвор од Европа ќе добие и осветлување.