Шведскиот Volvo е последниот производител на автомобили кој се реши за нов минималистички бренд-идентитет.
Како што авто-производителите низ светот се насочуваат повеќе кон електричните автомобили, така нивните визуелни идентитети добиваат поедноставен и почисти изглед.
Со ребрендирањето, логото на Volvo го загуби претходниот металичен изглед, како и попречното поле врз кругот во кое беше испишано името на компанијата. Сега, името испишано со нов фонт едноставно „лебди“ во центарот на кругот. Одредени измени се направени и во делот кај стрелката која излегува од кругот.
Новиот фонт кој е употребен за текстот се чини потенок и поелегантен од претходно. Надвор од контектот на логото со кругот, името на компанијата како обичен текст се карактеризира со поголем простор помеѓу буквите.
Volvo го претстави новиот бренд-идентитет преку социјалните мрежи и својот веб-сајт, а планира негово постепено имплементирање и замена на старото брендирање на сите места каде тоа се наоѓа во следните неколку години. Првите автомобили со новото лого се очекува да се појават на пазарот во 2023 година.