Компанијата Волво Карс (Volvo Cars), познат производител на премиум автомобили, претстави два нови концепти на мали автомобили, кои означуваат промена на стратешката насока на шведскиот бренд.
Волво го демонстрираше новиот концепт на возила од серијата 40 со кој планира да се прошири на огромниот и лукративен глобален пазар на мали автомобили со возила кои комбинираат смел надворешен и внатрешен дизајн со водечка технологија во поврзувањето, електрификацијата и технологијата на автономно возење.
Новите возила ќе бидат изработени на новиот Волво концепт Compact Modular Architecture (CMA), специјално креиран за мали возила, кој овозможува слободен пристап од страна на дизајнерите и инженерите за нови креативни храбри правци.
Стратегијата на производство на Volvo мали автомобили е суштински елемент во тековната глобална оперативна и финансиска трансформација. Шведската компанија, во моментов, спроведува амбициозен план за репозиционирање на брендот во натпревар со своите глобални конкуренти во следните четири години.
Новата гама мали автомобили ќе се состои од потполно електрични возила, како и “plug-in” хибридни верзии (алтернативна понуда), во согласност со заложбата на компанијата за целосна електрификација на своето портфолио. Волво планира да продаде до милион електрични возила до 2025 година на глобално ниво.