Милјардерот Ворен Бафет одлучи да се откаже од бизнисот на издавање на печатени медиуми
Според Асошиејтед Прес, Бафет ќе ги продаде сите изданија на Беркшир Хатавеј на „Ли Ентерпрајс“ за 140 милиони долари, вклучувајќи го и весникот Омаха ворлд –хералд, кој излегува во Небраска, како и њујоршкиот Бафало Њуз.
Бафет, кој е љубител на весници цел живот, веќе неколку години најавува дека повеќето од нив ќе продолжат да одат по надолна линија, освен неколку национални весници како „Њујорк Тајмс“ и „Волстрит журнал“.
Договорот за продажба опфаќа 30 дневни весници во 10 земји, како и 49 неделни весници со дигитални претплати и 32 други печатени производи.
Според договорот, „Ли Ентерпрајс“ ќе влезе во десетгодишен закуп на недвижнини во Беркшир Хатавеј Медиа. Оваа компанија инаку го води бизнисот со публикациите на BH Media од јули 2018 година.
Бафет, кој е претседател и извршен директор на Беркшир, рече дека тој и неговиот партнер Чарли Мунџер имаат голема почит кон „Ли Ентерпрајс“.
„Имавме нулти интерес да ја продадеме групата на кој било друг од една едноставна причина – веруваме дека „Ли Ентерпрајс“ е најдобро позиционирана да го води бизнисот низ предизвикувачките води во оваа индустрија“, рече Бафет.
Печатените медиуми сочинуваат мал дел од Беркшир Хатавеј, кој поседува повеќе од 90 разновидни компании и има огромни инвестиции во компании, како Кока-Кола, Епл и Велс Фарго.
Портфолиото на изданијата на „Ли Ентерпрајс“ ќе се зголеми на 81-дневени изданија, што речиси ќе го удвои сегашниот број на читатели, соопшти компанијата.
Договорот се очекува да биде склучен кон средината на март.