Home » Во фокусот » Впечатливо видео со моќна порака по повод Денот на вљубените

Впечатливо видео со моќна порака по повод Денот на вљубените

По повод Денот на вљубените и месец февруари кој во САД се обележува и како Месец за подигнување на свеста за насилството во тинејџерските врски, организацијата Day One, посветена на намалување на зачстеноста на сексуалната злоупотреба и насилство и агенција BBDO Њујорк, објавија впечатливо анимирано видео кој ги предупредува тинејџерите за малтретирањето во врските.

Кратиот филм наречен Sunshine се занимава со вознемирувачка тинејџерска врска, која на прв поглед се чини дека е невина и можеби дури и симпатична, но многу несреќна кога ќе се погледне поблиску.

Спотот навидум прикажува обична љубовна приказна на двајца тинејџери, а потоа ги отсликува првичните суптилни знаци на емоционално насилство, кои само се влошуваат со текот на времето, додека не биде премногу доцна и додека младата девојка се најде во навидум безизлезна ситуација.

За време на видеото, цело време се слуша истата песна, Walking on Sunshine, но како приказна напредува, иако песната не ја менува својата мелодија или ритам, таа прима изразито ироничен дух.

Спотот го нагласува фактот дека не е секое злоставување од физичка природа. Емоционалното и вербалното злоставување, често се многу подмолни и тешко е да се одделат од посветеноста и приврзаноста. Овој факт е одлично сумиран во последната порака на видеото: не дозволувајте злоставувањето да ви се продава како љубов.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365