Home » Во фокусот » Вработените во Гугл ширум светот протестираат поради лошиот однос спрема жените во компанијата

Вработените во Гугл ширум светот протестираат поради лошиот однос спрема жените во компанијата

Овај потег без преседан во историјата на компанијата е дочекан со разбирање од страна на извршниот дирекор на компанијата Сундар Пичаи.

Вработените во канцелариите на Гугл низ светот започнаа серија на протестни напуштања на работните места во незадоволство од тоа како компанијата ги третира жените.

На пораките кои  се наоѓаат на биротата на вработените во Гугл пишува: “Јас не сум на мојето место, бидејќи со другите вработени и соработници во Гугл протестирам поради тоа што правилата против сексуално вознемирување, недолично однесување, но и недостатокот на транспарентност и култура на работното место не важат подеднакво за сите“.

Први кои ги напуштија работните места беа вработените во Сингапур, по што следеа и вработените во канцелариите низ целиот свет. Како дел од оваа демонстрација на солидарност, подготвена е листа на барања од шест точки.

  1. Да се стави крај на принудната арбитража во случаи на вознемирување и дискриминација за сите сегашни и идни вработени
  2. Да се заложат за стопирање на нееднаквоста во платите и можностите
  3. Јавно да се објави извештај за сексуалните вознемирувања
  4. Јасен, униформен, глобално инклузивен процес за безбедно и анонимно пријавување на сексуалното вознемирување
  5. Да се овозможи директорот за различности да одговара директно до извршниот директор и да дава предлози директно до извршниот одбор
  6. Назначување на претставник на вработените во извршниот одбор

Главниот извршен директор на Гугл, Сундар Пичаи ја поддржа иницијативата на своите вработени, како што е видливо и во отвореното писмо кое им го испрати до вработените:

“Го разбирам гневот и разочарувањето што многумина го чувствуваат. И јас го делам истото чувство и целосно сум посветен на постигнување напредок по едно прашање кое долго време се провлекува во нашето општество … да и тука во Гугл“.

Културата на родовата нееднаквост, како што истакна Пичаи, е нешто што од што страдаат сите индустрии, но поттикнувачот за ова огромно напуштање на работните места се веројатно извештаите што излегоа минатата недела, според кои Енди Рубин, еден од високо позиционираните креатори на Android, доби исплата од 90 милиони долари во 2014 година, и покрај обвиненијата за сексуално вознемирување кое постоело против него.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365