„Ние сме дваесет клубови, стотици играчи, милиони навивачи, но заедно – ние сме еден тим!“ – триумфално се истакнува во новата реклама на агенцијата FCB Inferno по повод враќањето на англиската фудбалска Премиер лига после неколкумесечна пауза.
Пандемијата на Ковид-19 предизвика прекин во вообичаената динамика на скоро сите фудбалски лиги во светот, но, како што пополека светот се стабилизира и се враќа на своите нозе, дојде време и фудбалерите од најгледаната фудбалска лига во светот да го направат истото. Во средата се одиграа првите два натпревари од продолжението на Лигата, а викендов нé учеуваат уште еден куп интересни дуели.
Рекламата која го најавува продолжението на лигата се фокусира на издржливоста на фановите за време на пандемијата, како и важната улога која социјалните мрежи ја имаа во поврзувањето на фудбалските фанови во услови на карантин.
Спотот истот така упатува благодарност до медицинските лица и работниците од првата борбена линија за нивните постојани напори во овозможувањето на сите нас повторно да уживаме во фудбалот.
Рекламата е напишана од Жерард Рода и режирана од Вивијан Декомбе.