Остануваат уште десетина дена до крајниот рок (1 септември) за пријавување на проекти на BalCannes најголемата регионална ревија на огласувачки проекти која ќе се оддржи во рамки на Weekend Media фестивалот во Ровињ, Хрватска.
Овој настан е одлична можност за промоција на креативната работа на маркетинг агенциите од Македонија, кои себеси, на нивните клиенти и на целата јавност ќе можат да си/им докажат дека се доволно компетентни да се занимаваат со оваа работа и да бидат меѓу најдобрите од целиот регион.
BalCannes секако е и одлична можност за сите агенции од регионот да се претстават со своите најквалитетни проекти пред регионалната огласувачка јавност како би го привлекле вниманието на регионалние компании и нови потенцијални клиенти.
Меѓу новостите за овогодинешниот настан е и воведувањето на две нови категории: нискобуџетни кампањи (за проекти кои се реализирани со вкупен медиски буџет до 50,000 евра) и посебната категорија GHOST во која агенциите можат да пријават проекти кои никогаш не биле реализирани.
Оваа година можат да се пријават проекти кои се реализирани во периодот од 01.05.2013 до 01.07.2014 во облик на видео претставување на проектот до 3 минути.
Покрај изборот на 25 најквалитетни проекти од сите пријавени кој го врши регионалното жири составено од уредници на медиуми кои ја следат индустријата, оваа година ќе биде доделена и специјална награда “Агенција на годината во Адриатик регионот“ која ќе ја доделува магазинот Медиа-Маркетинг за агенцијата со најголем број на освоени бодови.
Пријавените кампањи покрај појавувањето на Викенд Медиа Фестивалот ќе бидат поставени и во BalCannes YellowPages датабазата која ќе биде активна цела година.
Пријавите за BalCannes 2014 можат да се направат електронски преку следниов веб сајт.