Канадската франшиза на брендот за мебел IKEA лансира нова бренд платформа, паралелно со краток филм кој илустрира како нивните производи го „оживуваат домот“ (“Bring Home to Life”).
Рекламата започнува со сцена во која еден човек за прв пат ја отвора вратата на својот нов апартман. Како што разгледува низ празниот животен простор, тој е пречекан од неговите пријатели кои се целосно „замрзнати“ во различни позиции – мирувајќи на невидливи столици околу невидлива маса.
Како што изминува рекламата, така човекот почнува да го исполнува својот дом со сиот потребен мебел – секако од IKEA. Штом сé е подготвено и наредено, тој ја внесува својата фамилија во нивниот нов дом, а сите претходно „замрзнати“ луѓе „оживуваат“ и ги пречекуваат новите станари со радост и возбуда.
„Со IKEA, Вие не само што градите дом, туку и живот“ – истакнуваат од брендот.
Спотот е проследен со преработена верзија на песната “Your Song” од Елтон Џон.