Во време на постојани промени и големи неизвесности, брендовите сè потешко успеваат да го привлечат вниманието на потрошувачите. На 2. Skopje Marketing Summit, во организација на маркетинг-агенцијата Кликер, врвни маркетинг-професионалци ќе понудат иновативни решенија како да се обликуваат промените. Самитот ќе се одржи онлајн, на 2 јуни.
На самитот ќе се дадат повеќе перспективи и одговори на некои од клучните прашања на маркетарите денес: Како брзо да се приспособат и да ги обликуваат промените? Дали ги имаат сите неопходни алатки за обликување на промените? Кои се новите можности за адаптирање кон промените? Како да продолжат да комуницираат во различните фрагментирани простори и канали?
Skopje Marketing Summit 2022 ќе донесе интересни глобални, регионални и локални маркетинг-професионалци и експерти. Говорниците ќе ни ги срочат своите видувања и ќе ги споделат сопствените искуства.
Skopje Marketing Summit е наменет за сите маркетинг професионалци, креативци и вљубеници во маркетингот.
Настанот ќе се случува онлајн на 2 јуни и ќе биде бесплатен за следење. Повеќе информации и бесплатна регистрација на https://marketing-summit.mk/
Заокружете го 2 јуни, се гледаме!