Раководството на „Volkswagen“ одлучи да се откаже од слоганот „Das Auto“, кој скоро една декада беше дел од промоциите на сите нови модели на компанијата.
Слоганот „Das Auto“ (кој баш значи “Автомобилот“) беше воведен во 2007-ма година, кога на чело на „Volkswagen“ беше Мартин Винтеркорн. Фразата беше едноставна и лесно се паметеше, но по скандалот со манипулација на дизел моторите на компанијата, новото раководство одлучило да се откаже од неа. Во наредниот период ќе биде користено името на фирмата „Volkswagen“ под логото каде досега стоеше “Das Auto“, додека не биде презентирана новата маркетинг платформа која ќе има за цел повторно да го ре-позиционира брендот меѓу најдобрите во индустријата.
Главниот противник на досегашниот слоган е Херберт Дис, кој е одговорен за развојот на брендот . На состанокот на раководството на компанијата во Дрезден минатата недела токму тој бил категоричен дека рекламата не одговара на ситуацијата во која се наоѓа Концернот и повикал за промена.