Home » Во фокусот » WARC 100: Најдобрите кампањи, компании и агенции во светот

WARC 100: Најдобрите кампањи, компании и агенции во светот

Procter & Gamble ја задржа првата позиција помеѓу огласувачите, Vodafone е прв на листата на брендови откако Coca-Cola и McDonald’s паднаа од првото и второто место после долго време, BBDO Worldwide, adam&eveDDB, Starcom New York водат на листата на агенции и мрежи

WARC ги објави резултатите на своето годишно рангирање WARC 100 за 2017 година. Оваа листа ги рангира најдобрите светски маркетинг кампањи и компании во рамките на нивниот бизнис импакт. Procter & Gamble, Vodafone, BBDO Worldwide, adam&eveDDB и WPP се меѓу компаниите на врвот на ранг листата оваа година, а која се заснова на ефектот на натпреварувањата за ефикасност и стратегија ширум светот.

Најдобро рангирана кампања која е повеќекратно наградувана е „Share the Load“, а ја направиле BBDO Мумбаи и Mediacom Мумбаи за брендот Ариел на компанијата Procter & Gamble во Индија. Спотот на кампањата во која мажите се повикуваат да го поделат „бремето“ на куќните обврски, бил поддржан преку посебно пакување за кампањата, и споделуван на интернет, кино и ТВ емитување. Откако 1,57 милиони мажи ветиле дека ќе го „поделат товарот“, Ариел повеќе од двојно ја зголеми вредноста и обемот на продажбата, кои пораснале за 106% и 105%, соодветно.

Интересен податок од оваа ранг листа е тоа што две од десетте најдобри кампањи оваа година се оние кои забележале успех благодарение на паметното користење на податоците за водење креативна и медиска стратегија. The Economist користел насочена програматична кампања со духовити и привлечни слогани. Кампањата во рок од само 9 дена исполнла 50% од таргетот, со поврат на инвестицијата од преку 25:1. На шестото место е кампањата за австралиската компанија која се занимава со изградба на базени, Narellan Pools, која користила пристап на „момент маркетинг“. Купувачите се таргетирани точно во време кога е најверојатно дека ќе купат базен, со фокусирана креатива која ја мотивира одлуката за купување. Кампањата ја зголемила продажбата за 23% во однос на претходната година.

Procter & Gamble веќе втора година по ред е на врвот на листата на огласувачи за 2017 , иако неговата предност над Unilever е намалена во однос на минатата година. Со пет кампањи во топ 100 во однос на трите на Unilever, кампањите за брендовите Ariel, Always и Old Spice ја зацементираат првата позиција за P&G.

Vodafone имаше исклучително конзистентна година во смисла на наградите освоени за повеќе кампањи и во повеќе региони. Со само две кампањи во топ 100, но со повеќекратни победи во петнаесет посебни натпревари, брендот собра доволно бодови да го превземе водството.

За прв пат од 2014 година, Coca-Cola и McDonalds не ги завземаат првите две позиции на ранг листста на брендови. Двата паднаа на ранг листста во година кога немаа кампањи во топ 100.

Дејвид Тилтмен, креаторот на содржината на Warc, изјави: „Овогодинешната WARC 100 листа ја одразува индустријата која е во тек. Од рангирањето е јасно дека огласувањето со големи идеи и примарно на ТВ, кога се работи добро, и понатаму е многу ефикасно. Но, гледаме дека и алтернативните пристапи исто така можат да генерираат добри деловни резултати – од „момент маркетинг“ заснован на податоците, до вештини или настани осмислени да го привлечат вниманието на потрошувачите. Едно од големите прашања во индустријата во овај момент, е дали овие алтернативни пристапи ги градат брендовите и даваат резултати на долг рок еднакво добро како и за време на кампањата.“

Сега во својата четврта година, WARC 100 листата е изградена на ригорозна методологија, во соработка со Даглас Вест, професор по маркетинг на Kings колеџот во Лондон.

Подолу погледнете ја WARC 100 ранг листата:

Автор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365