Од Cannes Lions соопштија дека WARC, глобалниот авторитет за адвертајзинг и медиа ефективност, ќе стане дел од дигиталната понуда на The Work, откако WARC беше купен од страна на Ascential.
Клиентите на Cannes Lions сега ќе имаат можност за увид во уште побогати анализи и бенчмаркинг за своите маркетинг кампањи – од концепција до реализација. WARC ќе придонесе со стручен увид и насоки за развивање на маркетинг ефективноста на Cannes Lions. Со текот на времето, WARC ќе се спои со The Work за да се формира дигитален производ кој ќе нуди креативна извонредност и маркетинг ефективност.
Лансиран во мај оваа година од страна на Cannes Lions, The Work е уникатна дигитална платформа која на бизнисите ќе им овозможи пристап до над 200,000 наградувани креативни кампањи кои учествувале на Cannes Lions, давајќи им на корисниците интелигентен увид во најдобрите светски примери на креативност, како и на податоците и анализите кои нив ги опкружуваат.
WARC, долгогодишен партнер на Cannes Lions, е глобален дигитален сервис кој нуди адвертајзинг анализи, податоци, практики и совети од водечките светски брендови. Главната цел на WARC е да им помогне на брендовите, агенциите и медиа платформите да ја разберат, измерат и максимизираат адвертајзинг ефективноста низ сите канали. Тоа го прават преку:
- 14,000+ студии на случај за адвертајзинг, маркетинг и ПР ефективност;
- 22,000+ истражувања, извештаи и анализи;
- Извештаи од преку 60 адвертајзинг настани во светот со цел определување на најновите маркетинг трендови;
- WARC Plus – Q&A сервис примарно насочен кон брендовите;
- WARC Data – глобален сервис за адвертајзинг податоци, анализи и бенчмаркови;
- Gunn Report – рангирање на креативноста, ефективноста и медискиот квалитет во адвретајзингот.
Cannes Lions планира да вклучи и повеќе сознанија од други сервиси во сопственост на Ascential за области како e-commerce за да им овозможи на брендовите уште поцелосен увид во перформансот, со цел клиентите на Cannes Lions – брендови, агенции или медиуми – да можат да напредуваат во новата фаза на дигиталната економија.
Филип Томас, CEO на Ascential Events и избран претседател на Cannes Lions, изјави: „Cannes Lions е бенчмарк за глобална креативна ефективност, што не’ става во една моќна позиција да нудиме увид и алатки кои ќе им помогнат на нашите клиенти да победуваат во дигиталната економија. Со WARC покрај The Work , сега ќе можеме да понудиме соодветни податоци и ефективен увид за најдоброто креативно размислување во светот.“
Мајк Ватерсот, претседател на WARC, додаде: „Преку комбинирањето на докази, примери и стручното водство, WARC прерасна во неопходен сервис за агенциите, брендовите и медиумите низ светот. Со приклучувањето кон Ascential и усогласувањето со The Work, ние ќе можеме на клиентите да им понудиме уникатен ресурс кој ќе ги покрива сите аспекти на креативните и ефективни кампањи.“