Home » Во фокусот » WARC за 2018 година предвидува раст на глобалните инвестиции во огласувањето од 4,7%

WARC за 2018 година предвидува раст на глобалните инвестиции во огласувањето од 4,7%

WARC има оптимистички поглед за оваа година, предвидувајќи дека глобалните инвестиции во огласувањето оваа година ќе изнесуваат вкупно 572 милијарди долари

Во најновиот извештај за глобалните трендови на огласувањето, Global Ad Trends, која ги зема во предвид можните инвестиции во огласувањето во 96 пазари низ целиот свет, WARC предвидува дека годишниот раст на глобалните инвестиции во рекламирање оваа година ќе биде 4,7%, и ќе достигне вкупна вредност од 572 милијарди долари пред крајот на годината.

Проекциите за цела 2018 година се оптимистчки, а тоа главно се должи на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг, Светското првенство во фудбал и изборите во САД. WARC, исто така, ја зеде предвид стабилизацијата на вредноста на доларот на пазарите во развој. Така, во Северна Америка се очекува да раст од 5%, што е помалку во однос од 6% предвидените за Азиско-Пацифичкиот регион, но и далеку над очекуваниот раст од 2,6% во Европа.

Уредникот на податоци WARC, Џејмс Мекдоналдс ги коментираше нивните предвидувања: “2018 година треба да биде одлична година за глобалното огласување, при што инвестициите во огласувањето ќе го забележат својот најголем раст после 2010 и 2011 година. Во сите светски региони, со исклучок на Блискиот Исток, се очекува да се забележи раст, при што клучните фактори за раст ќе бидат Зимските олимписки игри во Јужна Кореја, Светското првенство во фудбал во Русија и изборите во САД“.

Мобилни уреди ќе продолжат и понатаму да бидат главен двигател на растот, затоа што нивното учество во глобалното огласување порасна за 5,9% во текот на 2017 година (со удел од 20,6% во вкупните инвестиции во огласувањето). 45% од овој пазар доаѓа од САД.

Подолу погледнете уште неколку други предвидени трендови препознати во Извештајот за глобалните трендови на огласувањето:

  • 0% раст на глобалните инвестиции во огласувањето минатата година, на вкупно 546 милијарди долари
  • 7% предвиден раст за 2018 година, кога глобалните инвестиции во огласувањето ќе достигнат 572 милијарди долари
  • 18% удел на огласувањето во пребарувањата во 2017 година.
  • 40% просечна стапка на раст на инвестициите во онлајн видео огласувањето од 2013 година
  • 45% од глобалните инвестиции во мобилното рекламирање во 2017 година потекнува од САД
  • 61% од глобалните инвестиции во огласувањето во 2017 година (334.1 милијарди долари) отидоа во традиционалните медиуми.

Други сознанија од WARC Data платформата:

  • Повеќе инвестиции во огласувањето одат на ТВ мрежи (199,5 милијарди долари) отколку на дуополот Facebook / Google (133,2 милијарди долари)
  • Односот во вредноста на инвестициите во ТВ-огласувањето наспроти онлајн видеата е 6: 1
  • Со проценета вредност од 65,8 милијарди долари, спонзорството за првпат во 2018 година ќе го престигне принтот и ќе стане четврти огласувачки медиум на листата.

Извештајот за глобалните трендови на огласувањето е дел од WARC Data услугата, која содржи актуелни информации за огласувањето, трендовите и проширена база на податоци генерирани од корисниците.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365