Медиумската групација Warner Bros. Discovery покрена правна постапка против американската Национална кошаркарска асоцијација (НБА) во обид да ја принуди лигата да ја прифати нивната понуда за стекнување со авторските права за пренос на натпреварите.
НБА неодамна објави дека склучила договори за пренос со Disney, Comcast и Amazon, кои на кошаркарската асоцијација колективно треба да ѝ исплатат 77 милијарди долари во текот на 11 години. Договорите се очекува да стапат на сила во сезоната 2025-26.
Таквата одлука не им се допадна на Warner Bros. Discovery, кои што се актуелни носители на правата за пренос на натпреварите од НБА лигата, па компанијата одлучи да поведе постапка пред Врховниот суд на Њујорк.
„Со оглед на неоправданото отфрлање на нашиот предлог од страна на НБА, презедовме правни мерки за да ги заштитиме нашите права“ – се вели накратко во соопштението на Warner Bros. Discovery.