Познатото американско филмско студио Warner Bros ќе го прослави својот 100-ти роденден на 4 април 2023 година, а по тој повод компанијата го објави своето јубилејно лого кое им оддава чест на големиот број омилени филмски ликови кои произлегле од нивната продукција.
Логото го комбинира препознатливиот штит на Warner Bros со драматична верзија на бројот „100“, кој што пак е надополнет со популарни ликови од играни и цртани филмови, серии, стрипови и видео игри. Амблемот е подвелечн со слоганот “Celebrating Every Story”, односно „Прославување на секоја приказна“.
Со оглед на тоа што Warner Bros е дом на бројни популарни филмови и франшизи како Hanna-Barbera, My Fair Lady, 42nd Street, Casablanca, The Matrix, Superman, Wonder Woman, The Batman Looney Tunes, Harry Potter, Friends, Game of Thrones и Dune, така и логото го гледаме адпатирано во исто толкав број на различни верзии – соодветно на застапените ликови. Притоа, разните верзии на логото ќе се најдат на разновиден промотивен материјал, вклучувајќи облека, чадори, торби и слично.
Брендингот за 100-годишниот јубилеј на Warner Bros е дело на дизајнерската агенција Chermayeff & Geismar & Haviv.