Рекламирањето на Вашингтон пост на најголемиот американски спортски настан ја истакна важноста на новинарството и опасностите со кои се соочуваат новинарите.
За време на натпреварот помеѓу Њу Ингланд Патриотс и Лос Анџелес Ремс во неделата се емитуваше едноминутно видео на Вашингтон Пост, во кое се прикажани настани од Втората светска војна до денес, каде што актерот Том Хенкс ја опишува улогата на новинарите. Рекламата завршува со логото и слоганот на Вашингтон пост: “Демократијата умира во темница”.
“Супер Боул е одличен момент да се признае храброста и посветеноста на новинарите во светот кои се толку важни за нашата демократија”, изјави Фред Рајан, издавач и директор на Вашингтон пост. “Одлучивме да ја искористиме оваа можност да ја направиме оваа пресвртница во нашата кампања”.Ова беше можност за поширока порака за улогата која новинарите ја имаат во нашиот секојдневен живот и ризиците што ги преземаат со цел да ни ја прикажат вистината”, вели тој.
Рекламата, чија цел не е да се зголеми продажбата, како претходните реклами на Вашингтон пост, го промовира новинарство и симболично ја чита Том Хенкс, кој сво филмот “The Post” го игра поранешниот директор Бен Бредли.