Организаторите на Weekend Media Festival, најголемата регионална конференција, денес во новоотворениот хотел Зонар Загреб ги претставија темите и најистакнатите имиња на Weekend.16, како и една голема новина – проширување на полето на управување со човечки ресурси преку новиот фестивал HR.WEEKEND. Фестивалот кој ќе ги собере и поврзе најголемите имиња од светот на медиумите, комуникациите и бизнисот ќе се одржи од 21 до 24 септември во веќе добро познатите простории на старата тутунска фабрика во Ровињ.
![](https://marketing365.mk/wp-content/uploads/2023/05/Weekend.16-Nevena-Rendeli-Vejzovic-Kristina-Miljavac-Tomo-Ricov-i-Daniel-Ackermann-3.jpg)
„Weekend.16 носи неколку возбуливи новости. Веќе можеме да најавиме реномирани експерти како Кишор Махбубани, дипломат од Сингапур и поранешен претседател на Советот за безбедност на ОН, Тања Голешиќ, успешна Хрватка која го освои светот на луксузната мода и Борис Јокиќ, кој ќе поттикне дискусија за феноменот TikTok и неговото влијание врз младата генерација. Аљоша Багола ќе зборува на тема среќа, а посебно внимание ќе се посвети на состојбата на претприемништвото и неговата иднина. Новост е тоа дека Weekend.16 за прв пат има специјален советник во организацијата на фестивалот – AI технологија. Се разбира, нашата програма ќе се врти околу сеприсутната тема на вештачката интелигенција, но и на најновите практики и предвидувања на полето на дигиталната револуција. Најголемата новина е секако HR.Weekend, кој е посветен на најновите достигнувања и трендови во областа на управувањето со човечки ресурси“, изјави Томо Рицов, директор на Weekend Media Festival и агенцијата Pepermint.
Во рамките на Weekend.16 ќе се одржи и првиот HR.Weekend кој е наменет за сите професионалци за управување со човечки ресурси, менаџери за човечки ресурси, работодавци и претставници на компаниите, како и за сите заинтересирани за развој и примена на иновативни стратегии во управувањето со човечки ресурси, и носи импресивни имиња во Ровињ. Учесниците ќе имаат можност да го слушнат д-р Николаос Димитријадис, директор и ко-основач на водечката компанија во областа на невронауката, Trizma Neuro, која ги поврзува невронауката и однесувањето со областа на маркетингот, комуникациите, лидерството и образованието. Друго големо име со богато искуство е дефинитивно Мунавар Ахмед, предавачка по Лидерство, Етика и Професионална пракса на Факултетот за визуелни уметности и визитинг предавач на Стенфорд, која учи искусни тимови како да постигнат успешни резултати, но и притоа да покажат човечност.
„Од првиот Weekend Media Festival до денес, сите индустрии се променија, но во HR индустријата се гледа најголемиот напредок. HR денес повеќе не е „кадровско“ туку еден од најважните столбови на една компанија. Така и настана идејата за HR.Weekend, фестивал кој е повеќе од конференција, со бројни панели и предавања на кои ќе земат учество сите најважни актери од оваа индустрија, но и ќе го пружи тоа важно „викенд“ искуство – дружење, вмрежување и добра забава. Дополнително, сите посетители на HR.Weekend ќе можат да учествуваат во програмата на Weekend Media Festival и обратно, со што ќе се интегрира HR, што беше нашата цел од првиот ден“, изјави Даниел Акерман, директор на HR.Weekend и ко-основач на Degordian.
Weekend.16 е одлична можност да се увидат меѓународните перспективи, а увид во позицијата на Азија на светската геополитичка сцена ќе даде Кишор Махбубани, професор на Националниот универзитет во Сингапур, угледен сингапурски дипломат, интелектуалец и автор на неколку книги кои се занимаваат со глобалната политика и меѓународните односи и поранешен претседател на Советот за безбедност на ОН.
![](https://marketing365.mk/wp-content/uploads/2023/05/Weekend.16-Kishore-Mahbubani.jpg)
Од светот на модната индустрија доаѓа едно глобално име со хрватски корени, Тања Голешиќ, поранешна претседателка на Одборот на Џими Чу, која се здоби со импресивно лидерско искуство и ја рафинира својата богата биографија со спојување на деловни успеси на водечки позиции на некои од најуспешните модни куќи и компании денес.
![](https://marketing365.mk/wp-content/uploads/2023/05/Weekend.16-Tanya-Golesic-002.jpg)
Одговорите на актуелното прашање дали образованието, растењето и младоста можат да ја преживеат вештачката интелигенција и TikTok ќе ги открие Борис Јокиќ, кој магистрирал и докторирал во областа на образовните науки на Универзитетот во Кембриџ, а од 2002 година работи во Центарот за истражување и развој на образованието при Институтот за социјални истражувања во Загреб.
![](https://marketing365.mk/wp-content/uploads/2023/05/Weekend.16-Boris-Jokic.jpg)
„Adris е горд генерален спонзор и домаќин на Weekend Media Festival уште од неговото прво издание. Денес, кога го најавуваме 16-тото издание, треба да се напомене дека се ретки настаните кои опстојуваат толку долго, а сепак остануваат исто толку актуелни како и првиот пат. Се чини дека издржливоста и долговечноста на WMF се должат токму на неговиот уникатен концепт од кој не е отстапено, а од таа победничка формула не смееме да ја изоставиме уникатната локација на старата фабрика и систематските напори што Adris и Maistra ги преземаат во позиционирањето на Ровињ како препознатлива и посакувана туристичка дестинација. Свесни сме дека фестивалите како Weekend Media Festival се важен елемент за промоција на туристичка дестинација, особено пред и после сезоната“, вели Кристина Миљавац од корпоративните комуникации на Adris Group.
![](https://marketing365.mk/wp-content/uploads/2023/05/Weekend.16-Boris-Kovacek-Daniel-Ackermann-Kristina-Miljavac-i-Tomo-Ricov.jpg)
Меѓу останатите интересни настани на Weekend.16, ќе бидат прогласени победниците на Food Tech старт-ап натпреварот организиран од Maistra, Infobip, Pepermint и Kaufland, конципиран со цел да се најдат нови и креативни идеи и да се поддржат растечките надежи за прехранбената, угостителската и малопродажната индустрија. Натпреварот се одржа на Weekend Food Festival-от. Сите заинтересирани старт-ап компании сѐ уште можат да се пријават овде.
Сите информации и најнови вести за Weekend Media Festival можете да ги следите овде и на сите службени Instagram и Facebook профили.