Најголемиот комуникациски фестивал во регионот е вклучен во најпознатата друштвена игра во светот
Викенд Медиа Фестивалот, најголемиот комуникациски фестивал во регионот, доби своја картичка во хрватското издание на омилената семејна игра Монопол. Во создавањето на хрватско издание на оваа легендарна игра, која од 1935 гoдина ја играат повеќе од милијарда луѓе во 114 земји во светот, учествуваа хрватски граѓани, давајќи свои предлози што би сакале да ги видат во играта. Така, меѓу поголемите хрватски градови и острови, популарни културни знаменитости и природни убавини, свое место доби и картичката со Викенд Медиа фестивалот.
“Ме израдува информацијата дека Викенд се најде во Монопол. Тоа само го потврдува она што одсекогаш го знаеме: Викенд е фестивал кој не се пропушта“, изјави Томо Рицов, директор на фестивалот.
Ова е големо признание за фестивалот кој се одржува веќе 12-та година по ред, а кој ги носи најновите трендови и предизвици кои не` очекуваат во комуникациската индустрија. Покрај тоа што е неизбежен настан, не само меѓу бројните експерти за комуникација и маркетинг, Викенд исто така доби нова генерација посетители и стана неизбежен дел од дружењето со Монопол.
“Викенд веќе толку долго постои, што имаме и нова генерација посетители. Бројот на деца кои го посетуваат фестивалот секоја година се зголемува, па затоа ми е нормално што децата на нашите пријатели и соработници, како и нашите деца, знаат за Викенд и следат што се случува. Бев воодушевен кога Нина, ќерка на нашиот продуцент, испрати картица од Монопол со Викенд Медиа фестивалот. И јас, како дете со татко ми и брат ми, направивме наша верзија на Монопол која стана хит во соседството каде што пораснав. Со ова, сите 11 претходни Викенд Медиа фестивали добиваат некое целосно ново значење”, изјави Борис Ковачек, извршен директор и продуцент на фестивалот.
Најдобриот Викенд на годината ќе се одржи од 19 до 22 септември во Ровињ. На 12-тиот Викенд Медиа фестивал се очекува да има рекорден број посетители, интересни панели, атрактивни предавачи и најдобра забава во текот на три дена од фестивалот. Новина е и Викенд пакет кој овозможува резервација на сместување и котизација. Покрај тоа, сите маркетери своите кампањи можат да ги пријават на осмиот по ред BalCannes, а најдобрите дигитални кампањи ќе бидат претставени на најважните регионални дигитални награди – SoMo Borac.
Повеќе информации пронајдете на wekendmediafestival.com.