После 12 успешни години, 13-то издание на Викенд Медиа Фестивал нема да се одржи поради глобалната пандемија на вирусот Ковид-19
„Сакаме да бидеме одговорни пред Викенд заедницата. Иако ситуацијата со коронавирусот се чинеше дека ќе се стабилизира до есен, сега кога тоа веќе не е извесно, одлучивме да не го одржиме годинешниот Викенд Медиа Фестивал. Викенд не е само фестивал, туку и заедница која настана во текот на 12 години дружење во Ровињ. Одговорноста спрема таа заедница едноставно не ни дозволува да организираме фестивал ако не можеме да бидеме сигурни дека здравствената ситуација тоа го дозволува. Викенд е искуство, а ако не можеме да го обезбедиме тоа искуство, тогаш тоа не е Викенд“, изјави директорот на фестивалот Томо Рицов.
Со оглед на тоа што Викенд не е само конференција или само фестивал, туку Ровињ, море, забава, сонце, предавања и дружење и дека неговата улога е посебна во специфичниот контекст на регионот, Викенд нема да се одржи ниту онлајн или во која било друга форма. Викенд се одржува само ако сите овие елементи можат да бидат исполнети и ако сите Викендаши вистински можат да уживаат во тоа.
На сите кои веќе купиле котизации ќе им биде вратен целиот износ на уплатата. Организаторите посочуваат дека следниот собир во Ровињ е резервиран за следната година, кога сите посетители ќе можат заедно да се потсетат на успешните 12 години на најголемиот регионален фестивал на комуникациската индустрија, а оваа година едноставно ќе ја прескокнеме и заборавиме што е можно поскоро.