Дигиталната платформа за комуникација WhatsApp на Meta отпочна нова кампања која ја истакнува важноста на поврзувањето со пријателите и семејството во пресрет на Новата година.
Кампањата насловена “The Fireworks Within” („Внатрешниот огномет“) ја илустрира уникатната улога на WhatsApp во помагањето на луѓето да имаат приватни разговори за време на најуниверзално споделениот културен момент во календарската година.
Додека многумина уживаат во забавите, вревата и огнометот, за голем број луѓе емотивното ресетирање на Новата година не се сведува само на полноќниот момент и наздравувањето со полна чаша. Тоа е моментот кога тие се поврзуваат со луѓето што им се најважни преку приватни пораки и повици кои ги зближуваат.
Според компанијата, WhatsApp постојано поставува рекорди за количината на СМС пораки и повици на новогодишната ноќ, бидејќи луѓето се потпираат на апликацијата за да допрат до оние што ги сакаат.
Овогодинешната кампања го прикажува токму емотивниот „внатрешен огномет“ кој се случува кога луѓето остваруваат повик или разменуваат пораки за да го честитаат празникот и да ги споделат своите надежи за подобра година што следи.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција AMV BBDO и продукциската куќа MJZ.