Википедија воведе „универзален кодекс на однесување“ насочен кон борба против дезинформации, злоупотреби и манипулации во позната онлајн енциклопедија.
Новиот кодекс на однесување го пренесе Фондацијата Викимедија, која управува со Википедија, а во текстот се проширува постојната политика во борбата против „негативното однесување“.
Кодексот на однесување ќе спречи обиди за изобличување и манипулирање со содржините на Википедија, најголемата онлајн енциклопедија водена главно од волонтери.
„Нашиот нов универзален кодекс на однесување е создаден за новото време на интернет, затоа што сакаме нашите заеднички соработници да бидат позитивно, безбедно и здраво опкружување за сите“, рече портпаролката на Фондацијата Викимедија, Кетрин Махер.
Според неа, новиот кодекс на однесување ќе биде обврзувачки документ за секој што учествува во работата на Википедија.
Текстот на кодексот е напишан со помош на 1.500 волонтери на Википедија од пет континенти и на 30 јазици. Вклучува јасни дефиниции за вознемирување и неприфатливо однесување.
Целта е да се спречи каква било злоупотреба на моќ и влијание со намера за заплашување, како и намерно пишување лажна или неточна содржина.
Усвојувањето на кодексот доаѓа во време на зголемен притисок врз интернет-платформите за контрола на кампањите за манипулации и дезинформации, кои можат да се користат во политички цели или да се промовира создавање поделби или насилство.