Творецот на интернетот, Тим Бернерс-Ли се осврна на тоа како оваа мрежа го промени светот и колку е важно да ја подобриме, за да и` служи на човештвото
Триесет години по иницијалниот предлог на систем за управување со информации, половина од светот е на интернет, пишува Тим Бернерс-Ли и вели дека ова е големо достигнување, но исто така, и момент да се осврнеме и да погледнеме во она што е пред нас. Интернетот стана јавна сфера, библиотека, ординација, продавница, училиште, студио, канцеларија, кино, банка и многу повеќе и важно е онлајн просторот да биде достапен на секого.
Бернерс-Ли пишува и за тоа дека интернетот им даде прилика и глас на маргинализираните групи, направи простор за измамите и омразата и криминалот. Многумина го злоупотребуваат интернетот и заради тоа луѓето се плашат и се сомневаат дека тоа е добар избор, но поради промените кои се случија во текот на изминатите три децении, важно е да се размислува за тоа каде треба да биде во следните 30 години. Затоа, гледа на три специфични области на дисфункционалност кои влијаат на мрежата денес:
– свесните злонамерни активности, како што се државно спонзорирано хакирање, криминални однесувања и онлајн малтретирања
– проблематични систем дизајни како бизнис модели кои се засноваат на реклами и наградуваат кликбејт и вирално ширење на дезинформации
– ненамерните негативни последици, како што се агресивни и поларизирани дискусии
Бернерс-Ли смета дека, како што претходните генерации дошле до договор околу Универзалната декларација за човекови права, Законот за поморство и вселената, ние имаме одговорност да се осигураме дека интернетот е јавно добро достапно за сите, за која цел работи и Фондацијата World Wide Web во соработка со владите.
На 12 март 1989 година, Тим Бернерс-Ли го поднесе својот предлог за лансирање на систем за размена и складирање на информации познат денес како World Wide Web. Тоа го отвори патот кон технолошка револуција која го промени начинот на кој луѓето комуницираат, разменуваат идеи, купуваат добра и добиваат информации.