Во мај минатата година, YouTube, направи голема промена согласно својата бизнис стратегија кога се насочи кон создавање на оригинално продуцирана содржина која започна да ја стримува бесплатно за претплатниците и со реклами во отворениот “бесплатен” дел.
Ова изгледа се покажува исклучително успешно, па сега од YouTube најавија дека ќе ја дуплираат својата содржина на платформата која ќе продолжат да ја нудат во ad-supported и ad-free околина. Најавата е дека ќе се создадат нешто повеќе од 100 нови оригинални проекти во 2020 година, меѓу кои и документарци, подкасти, серии и играни филмови.
YouTube Originals, брендот под кој се создава содржината веќе најави нови епизоди за сериите The age of AI, доку-серијата за музичарот Џастин Бибер, за Коачела, Парис Хилтон како и документарецот Креатори на промените.
Другиот столб по кој ќе се развива YouTube е стримувањето на содржина во живо на т.н. specials. Веќе за на пролет е најавено шоуто на магионичарот Дејвид Блејн а сериозно се прават напори да се обезбеди екклузивитет и на многу други содржини и шоуа кои ќе одат во живо само на YouTube.
Третиот пилар е насочен кон содржината која е креирана од корисниците (user generated programming) која на некој начин сега изгледа дека е контраст на првиот столб за оригинално креаирана содржина, но која во суштина на YouTube му го донесе местото и позицијата во денешницата – но која исто така понекогаш е обвиена со контроверзна содржина што создава грижи и на генералната јавност но и маркетерите кои се загришени за безбедноста на брендовите кои ги застапуваат.