Во последните три месеци Youtube оствари речиси 5 милијарди долари приходи од реклами
Информациите беа објавени во рамките на четвртиот квартален извештај на „Алфабет“, односно првиот квартален извештај, откако Судар Пичаи ја презеде функцијата извршен директор на компанијата.
Гугл го купи YouTube во 2006 година за 1,65 милијарди долари. Минатата година тие остварија профит од 15 милијарди американски долари и придонесоа речиси 10 проценти во вкупните приходи на Google.
Гугл посочува дека YouTube има повеќе од 20 милиони претплатници преку своите некомерцијални понуди, како и повеќе од два милиони претплатници на услугата со платени ТВ услуги.
Севкупно, Алфабет оствари приход од 46 милијарди долари во кварталот кој заврши на 31 декември 2019 година, што претставува скок од 17 проценти во однос на 2018 година.