Home » Digital » YouTube има нов изглед, проверете дали ви се допаѓа

YouTube има нов изглед, проверете дали ви се допаѓа

YouTube во тест фаза пушти нов, минималистички дизајн, кој можете уште сега да го испробате

Интенцијата на Google е сите свои услуги, барем кога е во прашање визуелниот идентитет или она што колоквијално го нарекуваме„веб дизајн“, да ги понуди во унифицирано издание. За тоа веќе некое време постои стандардот Material Design, кој ги одредува насоките за изгледот, а сега  во таа приказна е и најпопуларната платформа за стриминг на видео содржина – YouTube.

На официјалниот блог на YouTube е објавено дека корисниците кои имаат свои YouTube канали, можат да го испробаат и да го тестираат новиот дизајн, кој ќе му даде на YouTube сосема нов изглед. Нагласокот е секако на минималистичкиот дизајн, бидејќи тоа е впрочем смислата на Material Design, на којшто девелоперските и дизајнерските тимови во Google инсистираат, што е во секој случај одличен начин.  Во фокусот е секогаш и секаде содржината, а исклучок не е ниту YouTube.

Како изгледа новиот изглед на YouTube можете да погледнете овде, а ако сметате дека и нема баш некои разлики во однос на досегашниот изглед, можеби и сте во право, освен секако, ако не се занимавате со дизајн професионално и имате совршен осет за детали. Новиот изглед, спрема објавата на блогот, донесува едноставност, конзистентност и убавина. И овде темелот на се` е содржината, затоа YouTube одлучи да го отстрани сето она што евентуално би можело “да го одвлече вниманието од она заради што сте дошле”, а тоа е видео содржината.

Она што секако е најинтересно за многумина е можноста за користење на “Dark Theme”, односно темна верзија на интерфејсот, која е заснована на новиот, побрз framework наречен Polymer. Сепак, постојат некои ограничувања, бидејќи темната верзија на YouTube интервејсот можете да ја користите само во Google Chrome веб пребарувачот, барем во оваа фаза. Доколку не ви се допадна новиот изглед, можете да се вратите на стариот…

Автор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365