Видео сервисот во спственост на Google одлучи да им дозволи на некои автори и канали да заработат на нивната содржина поврзана со корона вирусот.
Поточно, минатата недела, YouTube им забрани на сите видео содржини кои се занимаваат со епидемијата да заработуваат од тоа, а овој потег беше жестоко критикуван од корисниците и креаторите во здравствениот сектор. Коронавирусот спаѓа во она што се толкува како „чувствителна тема“, така што компанијата сакаше да се увери дека во таквата содржина не се прикажуваат реклами кои што би можеле да бидат несоодветни.
Одлуката сепак беше изменета, а од компанијата велат дека правилата за „чувствителните теми“ досега се применувале само на настани што не траеле долго, што повеќе не важи за коронавирус, бидејќи веќе подолго време е дел од секојдневните дискусии.