Пред една година, видео сервисот YouTube лансираше својата сопствена верзија на Stories, а тоа е кратка форма на видеа со наслов Reels
Функцијата беше преименувана во YouTube Stories, a првично беше достапна само за избрани креатори на YouTube. Меѓутоа, сега опцијата им е овозможена на сите креатори кои имаат повеќе од 10.000 претплатници.
YouTube Stories полека се проширува на поголем број на креатори и им дава пристап до новите креативни алатки кои вклучуваат можност за украсување на видеата со текст, стикери, филтри и слично.
Можноста е во голема мера инспирирана од она што го нудат Snapchat и Instagram, но во овај случај YouTube Stories исчезнуваат по седум дена, а не по 24 часа.
Целта е преку YouTube Stories на креаторите да им се овозможи лесен начин за комуникација со нивните фанови покрај нивните уредени клипови. Денес, креаторите не ја вклучуваат камерата и почнуваат да се снимаат, туку создаваат професионални содржини за кои е потребно уредување и многу работа пред објавување. Затоа Stories служат за комуникација помеѓу објавувањето на видеата додека се во процес на изработка, можност да се покажат деталите зад сцената, да се понудат тизери и слично.
Креаторите на новата опција можат да ја користат апликацијата на YouTube, да ја изберат иконата на камерата, а потоа и опцијата „Create Story“. Корисниците на видео сервисот кои ќе гледаат YouTube Stories, можат да ги стават like, dislike и срце.