YouTube секогаш експериментира, така што овој пат започна со сеопфатно тестирање на нивната платформа и автоматско препознавање на листата на производи во видеата поставени во нив.
Првата верзија на оваа нова функционалност беше тестирана во текот на изминатата година, иако примерокот и фокус-групите за овој тест беа многу мали, па резултатите не беа задоволителни.
Новата опција ќе им овозможи на корисниците автоматски да го пронајдат проиводот споменат во видеото од страната на Youtube каде што го гледале.
На тој начин, самиот Youtube ќе препорача линкови до корисниците кои се однесуваат на производот, што ќе ги однесе до е-продавници, на страниците на производителот, па дури и ќе им препорача уште подобро и повеќе гледано видео во врска со истиот проивод.
Овие препораки, ќе се појават помеѓу препорачаните видеа, а целта е да им се овозможи на корисниците да добијат што е можно повеќе информации за производите што ги интересираат.
Кон крајот на минатата година, Блумберг напиша дека Гугл сака да влезе во „светот на продажба на интернет“ и со тоа да ги предупреди видео блогерите од чии видеа генерира големи приходи, да остават линкови до Амазон, eBay, за да ги насочи гледачите на видеа директно на локации за шопинг, од кои се разбира, планира да оствари дополнителни приходи.
Исто така, тоа би го ставило YouTube во истиот простор за купување како и другите социјални платформи како Instagram. Засега е непознато дали оваа опција ќе заживее. Факт е дека ова во голема мера би ги зголемило приходите на YouTube кој на некој начин би станал центар за забава + шопинг, што досега никој не можеше да го направи од поголем обем.