Home » Digital » YouTube Kids за подобра родителска контрола

YouTube Kids за подобра родителска контрола

YouTube додаде две нови опции на апликацијата за деца YouTube Kids кои им даваат на двајцата родители поголема контрола врз содржината која децата ја гледаат на оваа платформа.

Двајцата родители сега имаат можност да го ограничат она што нивните деца го гледаат, само на содржина која самите ја одобриле претходно, па откако ќе ја изберат опцијата “approved content only“, детето нема да биде во можност самостојно да пребарува на платформата. Наместо тоа, ќе имаат пристап до видео содржините и каналите кои родителите ги додале на листата. YouTube ја најави оваа опција уште во април, а дури сега стигнува до сите Андроид корисници, додека iOS корисниците ќе почекаат за оваа можност.

Другата опција се однесува на повозрасните деца, бидејќи на родителите им е дозволено да избираат помеѓу опциите кои се наменети да ги контролираат содржините како за помладите, така и за повозрасните деца. Опцијата за контрола на содржината кои ја следат повозрасните деца, опфаќа и контрола музичките и гејминг содржини, а функцијата е моментално достапна само за корисниците во САД, но наскоро се очекуваат и во другите делови на светот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365