Дигиталната платформа за видеа YouTube започна да дестира нова услуга како дел од која бесплатно ќе стримува телевизиски емисии, филмови, па дури и целосни телевизиски канали.
Платформата веќе почнала да ја тестира оваа нова услуга со одреден број корисници, со цел да го процени интересот на гледачите и да добие увид дали новата услуга би била исплатлива. Исто така, YouTube во меѓувреме преговара со разни продукции кои би можеле да бидат заинтересирани да ги стримуваат своите телевизиски содржини на видеосервисот.
Бизнис моделот за оваа понуда би бил базиран на приходи од огласување, а формата би била слична како досегашните договори помеѓу YouTube и креаторите на содржини, кои предвидуваат дека 45% од приходите добиени од огласување би се слеале на контото на YouTube.
Неодамна, видео платформата постигна договор со NFL Sunday Ticket со цел од оваа година да започне со емитување на натпревари од американската фудбалска лига НФЛ преку каналите YouTube TV и YouTube Primetime Channels.