Најзаслужни за глобалното прифаќање на хаштаговите се Твитер и Инстаграм и тие денес станаа постојан начин за навигација низ различните платформи. Сепак, YouTube не се потпре многу на нив, барем не досега. Годинава, Гугл го заврши ажурирањето на платформата што овозможува организација на видеа засновани на хаштагови.
Видеата може да се сортираат според хаштаговите што корисниците ги оставаат кога ги поставуваат. Друг начин за пристап до видеа е директно да пребарувате преку URL – www.youtube.com/hashtag/ HASHTAG NAME (без „тараба“). Засега, не е јасно кој алгоритам се користи за подредување на снимките прикажани на овој начин, бидејќи е очигледно дека не се работи за опаѓачки или растечки број на прегледи на видеата, ниту за датумите на нивното објавување.
На пример, сортирањето на Инстаграм според хаштагови обично се врши според најпопуларните нови фотографии и видеа. Кај YouTube, изгледа дека е во прашање некој микс од постари и понови содржини без оглед на бројот на прегледи, а во некои случаи на листата доминираат снимки од поединечни канали. На ова веројатно ќе се работи во иднина, со цел на корисниците да им се прикажат најрелевантните резултати.
Новото ажурирање донесе и промена во начинот на кој YouTube се справува со хаштаговите. Претходно, кога ќе се кликнеше на хаштаг, YouTube прикажуваше само сродни видеа. Сега се истакнуваат само содржините што авторите експлицитно ги обележале. Ова дава поинаков преглед на резултатите од класичното пребарување, за да можете да добиете нова содржина што традиционалното пребарување може да ја „прескокне“.